• среда, 25 декември 2024

Глоби за финансиско друштво за брзи кредити и за Друштво за угостителство и туризам за задржување лични карти

Глоби за финансиско друштво за брзи кредити и за Друштво за угостителство и туризам за задржување лични карти

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) денеска соопшти дека се изречени три глоби во вкупен износ од 653.160 денари на финансиско друштво за брзи кредити и три глоби во износ од 55.347 денари за одговорното лице кај финансиско друштво бидејќи издале онлајн кредити без да го утврдат идентитетот на три лица. Изречена е и глоба во износ од 380.109 денари за прекршок на Друштво за угостителство, туризам и трговија и глоба во износ од 21.522 денари за одговорното лице за задржување лични карти.

Во врска со глобите изречени за финансиското друштво за брзи кредити, АЗЛП соопшти дека тие се изречени врз основа на членот 111 став (1) точка 2 и членот 111 став (2), а во врска со членот 111 став (1) точка 2 од Законот за заштита на личните податоци. Како што појаснуваат во соопштението до медиумите, Агенцијата повела три вонредни супервизии по поднесени барања од три физички лица, согласно членот 97 од Законот за заштита на личните податоци.

-Во трите случаи физичките лица тврдеа дека финансиското друштво (контролор) одобрило онлајн кредит во износ од 90.000 денари, на други физички лица кои ги употребиле нивните лични податоци со користење на телефонски броеви кои не се нивни и без притоа да им се утврди идентитетот при поднесување на барањата за кредит. Финансиското друштво (контролор) спротивно на членот 10 став (1) алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци без претходно обезбедена согласност за обработка на личните податоци при аплицирање за кредит обработувал лични податоци за три физички лица (субјекти на личните податоци) при што не демонстрира (докажа) дека субјектите на личните податоци дале согласност за обработка на нивните лични податоци, се наведува во соопштението.

АЗЛП соопшти дека се изречени глоби во износ од 380.109 денари за сторен прекршок на Друштво за угостителство, туризам и трговија и глоба во износ од 21.522 денари за одговорното лице за прекршоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

Агенцијата повела вонредни супервизија по поднесени барања од физички лица согласно членот 97 од Законот за заштита на личните податоци. Во барањето, физичкото лице навело дека друштвото за угостителство, туризам и трговија му ја задржало личната карта и единствен услов за да му ја врати било да ја плати вкупната сума за престојот.

- На истиот Контролор друштво за угостителство, туризам и трговија му е изречена глоба во износ од 190.055 денари за сторен прекршок и глоба во износ од 18.447,5 денари за одговорното лице кај Контролорот за сторен прекршок согласно членот 110 став (1) точка 20 и членот 110 став (2), а во врска со членот 110 став (1) точка 20 од Законот за заштита на личните податоци. Контролорот не овозможи непречено вршење на вонредна супервизија во системот за видео надзор според одредбите од членот 106 од Законот за заштита на личните податоци.На друштвото за угостителство, туризам и трговија му е изречена глоба во износ од 190.055 денари за сторен прекршок и глоба во износ од 18.447,5 денари за одговорното лице, стои во соопштението. ев/бак/

МИА ФОТО: Архива 

Остани поврзан