• сабота, 23 ноември 2024

Агенцијата за пошти ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Републикава

Агенцијата за пошти ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Републикава

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) -  Агенцијата за пошти денеска во Скопје ќе го одржи 22-от јавен состанок, со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината.

На состанокот, како што информираат од Агенцијата за пошти, ќе биде презентирана состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и тековните активности на Агенцијата, плановите и програмите за делување во идниот период. дма/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан