• сабота, 23 ноември 2024

Агентот на Лаутаро ги отфрли шпекулациите за заминување на фудбалерот од Интер

Агентот на Лаутаро ги отфрли шпекулациите за заминување на фудбалерот од Интер
Милано, 4 мај 2022 (МИА) - Агентот на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез вечерва демантираше трансфер на неговиот клиент. - Не размислуваме за трансфер, тој е во Интер, среќен е, градот е прекрасен. Понекогаш печатот пишува за трансферот, но Лаутаро размислува за клубот, да им приреди радост на луѓето, да станат шампиони и сè уште да се стремат кон трофеи, изјави агентот на Мартинез. Претходно беше објавено дека тренерот на Арсенал, Микел Артета инсистира да го купи 24-годишен играч. Напаѓачот оваа сезона на 45 натпревари постигна 21 гол и имаше три асистенции. Договорот на Мартинез со Интер истекува во 2026 година. зс/

Остани поврзан