• петок, 27 декември 2024

Агелер по средбата со Бубевски: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување

Агелер по средбата со Бубевски: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска остварила средба со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.

Како што информираат од Амбасадата на САД во Скопје на социјалните мрежи, Агелер на средбата со Бубевски ја изразила поддршката за независното обвинителство.

-Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување, потенцирала амбасадорката Агелер, се посочува во објавата на американската амбасада. фф/аа/

Фото: Фејсбук на Амбасада на САД во Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан