• среда, 18 декември 2024

Агелер: Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира

Агелер: Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на Стејт департментот. 

- Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер. дма/

 

Фото:МИА архива и скриншот

Остани поврзан