• недела, 24 ноември 2024

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу претседателот Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер. 

Прашана каква и во која насока ќе биде најавената зголемена поддршка на САД за Северна Македонија, на средбата меѓу претседателите Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, Агелер рече дека тие навистина имале одличен состанок, но нема некоја конкретна сума за која што е дискутирано. 

-Како што веќе кажа и министерот за одбрана и премиерот има повеќе потреби коишто треба да се решат, а бидејќи ние веќе соработуваме во голема мера најверојатно ќе се работи на тоа да се прошири соработката која што веќе ја имаме. Во годината што следи има навистина повеќе важни цели и предизвици и за Армијата и за министерството. Како што имаме кажано и претходно, нема да имате поголем поддржувач и партнер во остварување на овие цели од САД и знам дека претседателот, тоа го повтори на средбата со вашата претседателка, изјави Агелер, која заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“. аа/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан