Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика
- Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба.

Единбург, 15 јули 2022 (МИА) - Скриен автопортрет на Винсент ван Гог е откриен зад една од неговите слики, покриен со слоеви лепило и картон повеќе од еден век. Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген-зраци на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба.
Ван Гог честопати употребувал веќе искористени платна за своите слики, поради заштедување.