• вторник, 24 декември 2024

Автомобил удри пешаци во Сеул, деветмина загинати

Автомобил удри пешаци во Сеул, деветмина загинати

Сеул, 1 јули 2024 (МИА) - Автомобил удри пешаци во близина на градското собрание во Сеул, при што загинаа девет лица, а најмалку четири се повредени, јавуваат јужнокорејските медиуми повикувајќи се на полициски и пожарникарски извори.

Полициски службеник изјави дека полицијата спроведува истрага на местото на настанот, но одби да даде понатамошни информации.

Телевизијата YTN пренесе дека возилото удрило пешаци кои чекале на пешачкиот премин, откако претходно удрило два други автомобили.

На видео снимка направена од очевидец може да се види како полицаец се обидува да реанимира лице кое лежело на земјата по ударот од автомобилот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан