• среда, 18 декември 2024

Автобуски превоз и за жителите на карбинските села Козјак и Аргулица

Автобуски превоз и за жителите на карбинските села Козјак и Аргулица

Карбинци, 4 декември 2023 (МИА) - Општина Карбинци во соработка со штипското јавно претпријатие „Стипион“ во јавниот градски превоз ги вклучува и селата Козјак и Аргулица. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека во соработка со Општина Штип и ЈП „Стипион“ се надополнуваат линиите за јавен превоз во Општина Карбинци.

Тој вели дека ова е исполнување на  барањето на жителите на овие две села. Кога автобускиот превоз ќе почне и во селата Козјак и Аргулица,  ќе информира до крајот на годината, а автобусите на оваа релација ќе се движат од почетокот на наредната година.

-Тоа ќе бидат селото Аргулица и селото Козјак. Веќе од месец јануари почнува да се движи и превозот и до овие населени места, со тоа што жителите ќе имаат можност да ги ккористат во текот на денот, вели Паунов.

Дополнително во наредниот период ќе се разгледува можноста јавниот градски превоз да се воведе и до селата Долни Балван и Крупиште. На таков начин по 20 години жителите од сите населени места од Општина Карбинци ќе имаат превоз до град Штип.

-Она што го разговаравме е селото Долни Балван и селото Крупиште, коишто ќе бидат предмет понатаму. Ама нив ги имаат резервирано превозниците од останатите градови. Но, ќе ги разгледаме и можно е да ги додадеме во целиот овој проект, вели Паунов.

Тој апелира до граѓаните на Општина Карбинци да го користат јавниот автобуски превоз, бидејќи на таков начин поевтино може да пристигнат до градот Штип. вдј/цр

 Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан