• недела, 01 септември 2024

Автобиографијата на Лазаров подарок за младите ракометари на Еурофарм Пелистер

Автобиографијата на Лазаров подарок за младите ракометари на Еурофарм Пелистер

Битола, 2 јануари 2022 (МИА) - Ракометарите од младите категории на вицешампионот Еурофарм Пелистер за подарок од клупскиот претседател Зоран Стерјев во новата 2022 година ќе го добијат автобиографското дело на македонската ракометна легенда Кирил Лазаров.

Автобиографијата на Лазаров која ќе се најде во рацете на младите ракометари, насловена „Секогаш на победа“, ќе биде потпишана специјално за пригодата од актуелниот капитен и селектор на македонската репрезентација. - Книгата претставува учебник за секој млад ракометар. Лазаров својата ракометна репутација ја стекна како член на нашиот клуб. Настапуваше во Битола од 1997 до 2000 година и ги освои сите можни трофеи во македонскиот ракомет. Тој е омилен меѓу нашите фанови, приврзаниците на Пелистер и македонските љубители на ракометот. Затоа сметаме дека овој подарок е соодветен за оваа пригода“, соопшти ракометниот клуб од Битола. ег/бк/

Остани поврзан