• сабота, 23 ноември 2024

Австрија ја победи Холандија и од првото место се пласираше во плејофот

Австрија ја победи Холандија и од првото место се пласираше во плејофот

Берлин, 25 јуни 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Австрија ја победи Холандија со 3:2 вечерва во натпревар од 3. коло на групниот турнир Евро 2024.

Головите за Австрија ги постигнаа Дониел Мален (автогол), Романо Шмид и Марсел Сабицер. За Холанѓаните погодија Коди Гакпо и Мемфис Депај.

На другиот натпревар од последното коло во Д-групата, Франција и Полска одиграа нерешено 1:1.

По овие резултати, Австрија заврши на првото место во поредокот со шест бодови, Франција е втора со 5, Холандија од третото место оди во осминафиналето, Полска е последна со само еден бод и остана без учество во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан