• сабота, 21 декември 2024

Австрија ја осуди одлуката на Путин за нуклеарното оружје

Австрија ја осуди одлуката на Путин за нуклеарното оружје
Виена, 27 февруари 2022 (МИА) – Официјална Виена остро ја осуди одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин, да ги стави во состојба на специјална борбена готовност руските сили за одвраќање, меѓу кои е и нуклеарното оружје. Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг истакна дека Путин мора да знае дека овој пат „всушност води до крај“. Тој потсети дека нуклеарното оружје води кон меѓусебно уништување. Шаленберг оцени дека нема причина за таквата одлука на Русија. Тој посочи дека Австрија отсекогаш се залагала за укинување на нуклеарното оружје, кое никогаш не смее да се употреби, бидејќи ќе почне нуклеарна светска војна. ми/

Остани поврзан