• четврток, 26 декември 2024

Австрија против ограничувањето на цената на рускиот гас

Австрија против ограничувањето на цената на рускиот гас
Виена, 9 септември 2022 (МИА) - Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ. Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање. „Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена. Министерството првите предлози на Европската комисија ги оцени како чекори во вистинска насока. Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја. паг/  

Остани поврзан