• среда, 27 ноември 2024

Австрија постепено ќе ги укинува сите мерки против Ковид до 30 јуни

Австрија постепено ќе ги укинува сите мерки против Ковид до 30 јуни

Виена, 1 февруари 2023 (МИА) - До 30 јуни ќе бидат укинати сите антиковид мерки кои се во сила во Австрија, јави ДПА, повикувајќи се на Владата.  

До крајот на јуни ќе бидат укинати сите ограничувања за заразените со коронавирус.

Во моментов, заразените со вирусот не мора да бидат во карантин, туку од нив се бара да носат маска FFP2 во затворени простории и на отворено кога се во близок контакт со други луѓе.

Сите тимови и комисии поврзани со справување со кризата со коронавирусот, според програмата на владата, ќе бидат распуштени во наредните месеци. паг/

Остани поврзан