• недела, 24 ноември 2024

Австрија за шест месеци ќе ја продолжи контролата на своите граници со Унгарија и Словенија

Австрија за шест месеци ќе ја продолжи контролата на своите граници со Унгарија и Словенија

Виена, 11 април 2023 (МИА) - Австрија планира да ги продолжи проверките на своите граници со Унгарија и Словенија за уште шест месеци, почнувајќи од 11 мај, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер, цитиран од АПА.

-Во следните неколку дена ќе ја информираме Европската комисија дека ќе мора да продолжиме со овие гранични проверки, изјави министерот за австриското јавно радио.

Карнер објасни дека примената на шенгенските правила за слободно движење по овие граници мора да остане суспендирана за потребите на борбата против илегалната миграција.

-Минатата година имаше неверојатно силен миграциски притисок, посочи тој. сд/

Остани поврзан