• четврток, 26 декември 2024

Австрискиот канцелар бара поголема поврзаност со Украина пред пристапувањето во ЕУ

Австрискиот канцелар бара поголема поврзаност со Украина пред пристапувањето во ЕУ
Виена, 5 јуни 2022 (МИА) - Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска повика на воспоставување меѓу фаза помеѓу соработката и полноправното членство во Европската унија за земји како Украина и Молдавија. „Таканаречениот 'подготвителен простор' ќе им овозможи на земјите да ги исполнат стандардите на Европската унија, кои би биле слични на Европската економска зона (ЕЕА) или Европскиот договор за слободна трговија (ЕФТА), вели Нехамер во соопштението објавено од неговиот кабинет
„Ние сме обединети со иста цел, сите сакаме силна, независна и економски просперитетна Украина“, се додава во соопштението. Тој вели дека „во моментов Украина се бори за својот политички и територијален опстанок“. „Сите наши напори првенствено се насочени кон ставање крај на руската агресивна војна. Во таква фаза, брзиот пристап во Унијата не може да биде горлив проблем“, додава Нехамер.
Според него, „треба да се создаде европски подготвителен простор кој ќе овозможи чекор по чекор зајакнување на соработката со ЕУ и подобро приспособување кон европските стандарди“.
Тој исто така посочува дека Австрија со децении следеше сличен пат како членка на ЕФТА пред да влезе во ЕУ во 1995 година.
Нехамер во соопштението наведува дека ја поддржува идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување „европска политичка заедница“ со земји кои се стремат да се приклучат или да имаат поблиски врски со ЕУ, придржувајќи се до европските вредности. Киев изрази загриженост дека таквата заедница може да се користи како алтернатива за членството. паг/  

Остани поврзан