• четврток, 26 декември 2024

Австрискиот амбасадор го посети местото каде што беше откорната елката на Мајка Тереза

Австрискиот амбасадор го посети местото каде што беше откорната елката на Мајка Тереза
Скопје, 5 јули 2022  Првиот од странските дипломати кој реагираше по нашето отворено јавно писмо, во знак на протест против уништувањето на елката на Мајка Тереза од страна на ЈП „Паркови и зеленило“, беше амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, неговата екселенција г-дин Георг Вотсас. Тој и неговиот персонал веднаш дојдоа на местото каде што беше откорната елката, и во наше друштво почнавме да ги собираме гранките на уништената елка, за од нејзините семки на истото место да се обнови нова елка. Со овој гест, австрискиот амбасадор, покрај тоа што се солидаризира со бунтот на ИДКНА за штетите нанесени на наследство на Гонџе Бојаџиу - Мајка Тереза, тој истовремено ја испрати пораката за мир и помирување, што беше и мисија на самата Мајка Тереза. Идејата да се соберат гранките на оваа уништена елка и да се зачуваат како реликвија што би послужиле и како семе за засадување на нова елка, најдобро ја изразува суштината на оваа порака на австрискиот амбасадор. Искрено му благодариме на нашиот пријател, амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, неговата екселенција г-дин Георг Вотсас, за овој цивилизациски гест и за моралната поддршка што ја покажува во овој момент кога го чекаме одговорот на градоначалникот на Градот Скопје, г-ѓа. Даниела Арсовска, за една консултативна средба во врска со настанатата состојба по уништувањето на елката на Мајка Тереза од страна на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“. Проф. д-р. Скендер АСАНИ - директор на ИДКНА __________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан