• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Австрискиот амбасадор во посета на Кавадарци 

Австрискиот амбасадор во посета на Кавадарци 

Кавадарци, 28 февруари 2025 (МИА) - Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, денеска беше во посета на Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

-Станува збор за втора официјална посета на амбасадорот на Австрија, Мартин Памер во општина Кавадарци. На состанокот со градоначалникот Митко Јанчев, се оцени досегашната успешна економска соработка, можноста за идна соработка во областа на стопанството со посебен фокус на винарството, образованието и животната средина, соопштија од градоначалничкиот кабинет. 

 Оттаму додадоа, дека, меѓу другото, се разговарало и за актуелната политичка состојба во државата, во пресрет на локалните избори. свд/вј/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

 

Остани поврзан