• среда, 27 ноември 2024

Австриската амбасадорка во Софија: Бевме изненадени од ветото на Бугарија кон Северна Македонија во 2019

Австриската амбасадорка во Софија: Бевме изненадени од ветото на Бугарија кон Северна Македонија во 2019
Софија, 23 август 2022 (МИА) - Австриската амбасадорка во Софија Андреа Вике денеска изјави дека таа и нејзините колеги амбасадори во Софија биле изненадени од ветото на Бугарија во 2019 година за почеток на преговори со Северна Македонија. Според неа, тоа нив ги ставило во ситуација да ги објаснуваат причините за тоа. - Знаеме дека и ние и вие секогаш сме го поддржувале развојот на ЕУ и вклучувањето на државите од Западен Балкан. На крајот, успеавте да најдете решение, знам не беше лесно да се справите и ве поздравувам и вас и експертите кои работеа по ова прашање, рече амбасадорката Вике. Претседателот на Бугарија Румен Радев ја одликува амбасадорката Вике со орденот „Мадарски коњаник“, за нејзините заслуги за зацврстување и развој на бугарско-автриските односи, соопшти прес-службата на Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека ова високо одликување е одраз на признанието на Бугарија за нејзиниот професионален ангажман и искрено пријателство кон Бугарија, како и дека за време на нејзиниот мандат биле зајакнати билатералните трговски и економски односи, како и политичките контакти меѓу Австрија и Бугарија. нк/нд/    

Остани поврзан