• сабота, 27 јули 2024

Австралија опен 2024 ќе почне во недела и ќе трае 15 дена

Австралија опен 2024 ќе почне во недела и ќе трае 15 дена

Мелбурн, 3 октомври 2023 (МИА) - Отвореното првенство на Австралија 2024 година за прв пат ќе трае 15 дена. Грен слем турнирот ќе започне и ќе заврши во недела (14 - 28 јануари).

 

Сега првото коло ќе се игра во три дена, исто како на Грен слемот во Париз, Ролан Гарос. Одлуката е донесена бидејќи податоците покажуваат дека натпреварите станаа подолги.

 

Според директорот на турнирот Крег Тајли, организаторите ги „слушале повратните информации од играчите и навивачите“ и оваа иновација „ќе ги минимизира доцните финиши на натпреварите“.

 

Попладневната сесија ќе има два, а не три натпревари на двата главни терени „Род Лејвер Арена“ и „Маргарет Корт Арена“. Вечерната сесија сепак ќе има два натпревара. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан