• четврток, 26 декември 2024

Австралија назначи советник за истрага на смртта на седум хуманитарни работници во Газа

Австралија назначи советник за истрага на смртта на седум хуманитарни работници во Газа

Сиднеј, 7 април 2024 (МИА) - Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој ќе работи со Израел за да се обезбеди „транспарентност“ во истрагата за смртта на седум хуманитарни работници во Појасот Газа, вклучително и една Австралијка, кои беа убиени од израелски дрон, пренесе Бета.

Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, рече дека информациите за нападот доставени од Израел досега се недоволни и дека нејзината влада сака „квалификувано лице“ да ја надгледува истрагата.

-Владата ќе назначи специјален советник да работи со Израел, како што побаравме, за да можеме да бидеме информирани за напредокот на истражниот процес, рече Пени Вонг.

Според неа, Австралија сака да има „целосна доверба во транспарентноста на истрагата“.

Австралијката Лалзавми Франком (43), заедно со уште шестмина хуманитарни работници на американската невладина организација „Светска централна кујна“, беше убиена во понеделникот вечерта во Појасот Газа во три израелски напади извршени во рок од четири минути врз нивниот конвој.

Израелската војска призна дека направила серија „сериозни грешки“, тврдејќи дека погрешно мислела дека цели на „членови на палестинското движење Хамас“ во три возила.

Армијата, исто така, призна дека невладината организација го соопштила својот план за рута, но дека војниците одговорни за нападот во тоа време го немале при рака. Оттогаш двајцата полицајци се отпуштени.

Војната меѓу израелските сили и Хамас во Појасот Газа започна пред точно шест месеци, на 7 октомври 2023 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан