• вторник, 12 ноември 2024

Австралија: „Космос“ критикуван поради „научни“ статии напишани со ВИ

Австралија: „Космос“ критикуван поради „научни“ статии напишани со ВИ

Канбера, 8 авгyст 2024 (МИА) - Угледното австралиско научно списание „Космос“ е на удар на критики од научната јавност, поради објавување статии напишани со помош на вештачка интелигенција (ВИ), коишто стручњаците ги оценија како неточни и премногу поедноставени.

Списанието, коешто го објавува Австралиската национална научна агенција, со помош на компјутерската програма „ГПТ-4“ на „Опен-АИ“ напиша и објави шест статии минатиот месец. Здружението на научни новинари на Австралија ги критикуваше публикациите, додавајќи дека употребата на ВИ за пишување научни написи е причина за сериозна загриженост. Претседателот на Здружението, Џексон Рајан појасни оти во написот „Што се случува со нашите тела по смртта?“, генериран од ВИ, научните описи се неточни или многу поедноставени.

- Несоодветно е и неточно тоа што ВИ го нарекува процесот на автолиза, односно фазата во којашто клетките на телото се разградуваат од сопствените ензими по смртта - „самоуништувачки“, наведува Рајан.

Исто така, иако нема прецизни резултати од научните истражувања за тоа колку време е потребно за телото да се вкочани по смртта, ВИ „тврди“ дека тоа се случува три или четири часа по смртта.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан