• вторник, 24 декември 2024

Австралија им дава право на работниците да ги игнорираат пораките од надредените по работното време

Австралија им дава право на работниците да ги игнорираат пораките од надредените по работното време

Сиднеј, 26 август 2024 (МИА) - Во Австралија е усвоен закон според кој вработените имаат право да ги игнорираат претпоставените доколку ги повикаат по работното време, пишуваат британските медиуми.

Работодавците сè уште имаат право да се обидат да контактираат со своите вработени, но сега тие имаат право да го одбијат повикот или да не одговорат на него, освен доколку таквата одлука не се протолкува како „неразумна“.

Новата законска одредба значи дека работникот може да одбие да чита или да одговори на пораки од работодавачот или трето лице, на пример, клиент на фирмата, а сите несогласувања за итноста на известувањето ќе ги решава владината Комисија за чесна работа (FVC).

FVC може да и нареди на компанијата да престане да контактира со вработениот или да и забрани да преземе дисциплински мерки против работниците кои одбиваат да бидат контактирани, но, исто така, може да му нареди на вработениот да му одговори на работодавачот во случаи кога одбивањето одговор е „неразумно“.

Прекршувањето на одлуката на FVC може да доведе до парична казна до околу 12.000 американски долари за вработен, или до околу 63.000 долари казна за компаниите.

Усвојувањето на новиот закон, познат како „Право да не се поврзете“, беше поздравено од синдикатите и здруженијата за човекови права, а критикувано од здруженијата на работодавачи, кои го опишаа законот како погрешен и дека може да има негативно влијание врз продуктивноста.

Слични закони веќе се во сила во Франција, Германија и други земји од Европската Унија и Латинска Америка.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан