• среда, 27 ноември 2024

Австралија го забрани нацистичкиот поздрав

Австралија го забрани нацистичкиот поздрав

Мелбурн, 8 јануари 2024 (МИА) - Во Австралија денеска стапи на сила законот за забрана на нацистички поздрави, нацистички сувенири и прикажување или продажба на симболи поврзани со терористички групи.

-Сега е незаконски да се изведува нацистичкиот поздрав во јавност, како и продажбата на нацистички симболи, рече државниот обвинител Марк Драјфус.

Новиот закон, исто така, ги криминализира глорификацијата и славењето на терористичките акти, додаде Драјфус, истакнувајќи дека австралиското законодавство испраќа јасна порака дека во Австралија нема место за оние кои го величат Холокаустот или терористичките акти.

На 6 декември, австралискиот Парламент го прогласи за закон законодавниот амандман поврзан со антитероризмот (Забранети симболи на омраза и други мерки) со едногласна поддршка на претставниците.

Австралиската влада реагираше со овој закон на зголемувањето на антисемитските инциденти по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан