• сабота, 27 јули 2024

Австралиските новинари стапија во петдневен штрајк

Австралиските новинари стапија во петдневен штрајк

 

Канбера, 26 јули 2024 (МИА) – Стотици австралиски новинари денеска почнаа петдневен штрајк додека траат преговорите за плати. Штрајк има во повеќе австралиски дневни весници – „Сидни морнинг хералд“ (Sydney Morning Herald), „Ејџ“ (Age) и економскиот весник „Острелијен фајненшел ривју“ (Australian Financial Review), кои се дел од групацијата „Најн ентертејмент“ (Nine Entertainment).

Во штрајк стапија и новинарите од повеќе весници во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт.

Штрајкот почна откако менаџментот на „Најн ентертејмент“ го претстави планот за укинување на 90 работни места.

- Австралиската јавност смета на овие новинари да ги информираат, да ја повикаат Владата на одговорност, да ја разоткријат корупцијата, но тие не можат да го сторат тоа без сигурни работни места. Неприфатливо е една компанија да бара од вработените да избираат помеѓу скромно зголемување на платите и евентуални нови кратења на работни места, истакна претставничката на Синдикатот, Мишел Реј. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан