• сабота, 23 ноември 2024

Австралискиот премиер со реакција за одлуката на Ешли Барти да се пензионира

Австралискиот премиер со реакција за одлуката на Ешли Барти да се пензионира
Канбера, 23 март 2022 (МИА) - Австралискиот премиер Скот Морисон се произнесе околу одлуката на светскиот рекет број еден Ешли Барти да се пензионира на 25 години. - Би сакал да и се заблагодарам на Ешли што беше инспирација за младите луѓе, особено за помладата генерација во државата. Ти благодариме Еш што ја инспириравте нашата земја, нашата нација на која и треба добра поддршка. Никој од нас никогаш нема да заборави на неверојатниот кам-бек на Австралија опен оваа година, изјави Морисон за „Дејли мејл“. Барти има освоено три Грен слема во сингл: Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Австралијката има 15 победи на различни турнири во сингл. Покрај тоа, освои 12 трофеи во двојки, меѓу кои и на УС Опен 2018. зс/

Остани поврзан