• четврток, 26 декември 2024

Австралиската држава Квинсленд предупреди на можноста за „заклучување“

Австралиската држава Квинсленд предупреди на можноста за „заклучување“
Бризбејн, 11 септември 2021 (МИА) - Третата најнаселена австралиска држава, Квинсленд предупреди дека може да нареди итно затворање (локдаун) поради зголемувањето на бројот на случаи заразени со Ковид-19. Државата Квинсленд, во која живеат повеќе од пет милиони луѓе, објави дека е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени, пет нови инфекции во последните 24 часа, откако едно семејство од Бризбејн, главниот град на државата, е позитивно на коронавирусот. Властите соопштија дека следните денови ќе бидат критични и останува да се види дали затворањето е оправдано. - Ако видиме ширење на заразата, можеби ќе треба да преземеме многу брза акција. Но, во моментов тоа е кај едно семејство, рече премиерката Анастасија Палашчук. Австралиска држава Нов Јужен Велс, пак, во моментов е под блокада, во градовите Сиднеј, Мелбурн и Канбера. Нов Јужен Велс, кој беше под строг „налог за престој дома“ речиси три месеци, пријави 1.599 новозаразени, додека властите во соседна Викторија регистрираа 450 заразени, најголем еднодневен пораст на случаи во повеќе од година.
Австралија регистрираше најмалку 2.054 новозаразени, што е зголемување во споредба со „рекордот“ претходниот ден кога имаше 1.903 случаи во целата земја.
Досега има вкупно 73.000 заразени и 1.084 починати. паг/

Остани поврзан