• четврток, 26 декември 2024

Австралиец казнет со 1.400 евра оти сурфал со змија околу вратот

Австралиец казнет со 1.400 евра оти сурфал со змија околу вратот

Бризбејн, 18 септември 2023 (МИА) - Во Австралија сурфер е казнет со 1.400 евра бидејќи бил забележан како сурфа сурфа со даска на морските бранови со питон околу вратот, објавија денеска тамошните медиуми.

 

Видеото од „бестрашниот“ сурфер со змијата на себе, снимено на познатиот австралиски Златен Брег - јужно од Бризбејн, предизвика бурни реакции. Надлежните го казниле престапникот со 2.322 австралиски долари (околу 1.400 евра).

„За да се изнесе питон вон домот, потребна е посебна дозвола“, соопштија властите.

Во Австралија на граѓаните им е дозволено да имаат питон за домашно милениче, но не и да го вадат надвор од живеалитето без соодветен повод и причина, особено не заради сурфање.  си/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан