• четврток, 26 декември 2024

Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски

Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“. Посочи дека соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

Прашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ со одговор дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Република Северна Македонија.

-Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок, вели Аврамовска Мадиќ.

Што се однесува за тоа дали од страна на турските власти е побарана и дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства комуницираат постојано, секојдневно.

- Се она што се бара од Министерството за правда во најбрз можен рок се обезбедува од обвинителството, се преведува и се доставува преку системот со којшто се работи, вели Аврамовска Мадиќ.

Посочи дека има барања за документи, а како што вели можеби ќе има или нема да има. Но, забележа дека таа постапка е малку подолга.

-И не може да знаеме дали ќе биде доволна или ќе има потреба од уште. Меѓутоа нашето постапување од страна на Министерството за правда е во најбрз можен рок. Значи не чекаме постојано, службениците во Министерството за правда кои го работат тоа, постојано се во комуникација со Министерството за правда во Република Турција, рече Аврамовска Мадиќ. вдј/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан