• петок, 27 декември 2024

АВМУ: Да не се навредуваат новинарите, да се почитува нивното достоинство

АВМУ: Да не се навредуваат новинарите, да се почитува нивното достоинство
Скопје, 7 мај 2020 (МИА) - Во однос на навредите на фејсбук упатени кон новинар на телевизијата 24, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение упати апел да не се навредуваат новинарите и повика да се почитува достоинството на новинарската професија. -Во врска со навредите упатени кон новинарот на телевизија 24 Мишко Иванов, на социјалната мрежа фејсбук по завршувањето на двете интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, апелираме да не се навредуваат новинарите и повторно повикуваме да се почитува достоинството на новинарската професија и личното достоинство на медиумските професионалци, се наведува во соопштението на АВМУ. Агенцијата потсетува дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на изразување и слободата на информирање.бт/са/

Остани поврзан