• среда, 25 декември 2024

АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот што ја погоди Република Турција.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност, соопшти АВМУ.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.са/

Остани поврзан