• сабота, 28 декември 2024

АВМУ ќе го презентира извештајот за начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма

АВМУ ќе го презентира извештајот за начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе го одржи првиот јавен состанок за 2022 година на кој ќе го презентира извештајот „Родот во медиумите 2021: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма на националните терестријални телевизии“. Овој извештај беше поттикнат од истражувањето на МИА за медиумската покриеност на жените во спортот „Ги има на терен, но, не и на ТВ, за жените во спортот се известува ретко“, со која утврдивме дека покриеноста на спортот во женски категории кај нас е 20 проценти, наспроти спортот во машки категории, на кој се посветени цели 80 отсто. На состанокот ќе бидат презентирани и активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ. ар/вг/

Остани поврзан