• недела, 24 ноември 2024

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и е неприкосновена

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и е неприкосновена

Скопје, 12 ноември 2023 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена, со што, како што наведува, се приклучува кон реакциите во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, за сторијата „Заговор против воздухот“.

-Оваа слобода може да биде ограничена само во одредени, точно определени случаи кога се загрозува јавната безбедност и мир, јавното здравје и слично. Граѓаните имаат право да бидат објективно, навремено и точно информирани за сите прашања кои се од исклучителна важност и се однесуваат на јавниот интерес и остварувањето на ова право треба да биде поттикнувано и охрабрувано од сите релевантни чинители во општеството, наведуваат од АВМУ.

Воедно, посочуваат дека објавувањето уреднички обликувани содржини, во кои не се прекршени професионалните новинарски стандарди кои притоа се емитувани и на јавниот сервис е во насока на остварување на слободата на говор и слободата на информирање и зачувувањето на интересот на граѓаните. вг/

Фото: АВМУ 

Остани поврзан