• четврток, 26 декември 2024

АВМУ: Сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи

АВМУ:  Сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи

Скопје, 19 јули 2023

Во врска со вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот на ТВ 24, Иван Камчев кај Росоман, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи и дека во ниту еден момент нивната безбедност не смее да биде доведена во прашање.

Медиумските работници својата работа треба да ја извршуваат непречено, во согласност со професионалните стандарди и принципи утврдени во Кодексот на новинарите, вклучително и оние кои се однесуваат на начинот на информирање за време на несреќи.

 

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан