• вторник, 12 ноември 2024

АВМУ: Осуда за вербалните навреди упатени кон новинарка на ТВ Телма

АВМУ: Осуда за вербалните навреди упатени кон новинарка на ТВ Телма
Скопје, 29 јуни 2022 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува недоличниот однос на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кон дописничката на телевизија Телма. Носителите на јавна функција се предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите, поради што тие треба да бидат свесни за одговорноста за секој искажан збор и да се воздржат од секаков вид недолична и непримерна комуникација. Агенцијата во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на новинарите професионално да си ги извршуваат своите обврски, пред се, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на политичките и јавните органи. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан