• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

АВМУ најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите

АВМУ најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите

Скопје, 21 март 2025 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите.

- Повиците за напади на медиумите и медиумските работници директно ја загрозуваат безбедноста на новинарите и претставуваат напад врз слободата на изразување, се наведува во денешното соопштение од АВМУ. 

Истовремено, Агенцијата повторно ги потсетува медиумите при креирањето на својата програма да обрнат исклучително внимание на содржините на емисиите, филмовите и сериите, особено на тоа какво значење можат да добијат во контекст на овие чувствителни моменти.

- Информациите и содржините кои се објавуваат да бидат соодветни на денови на жалост и истовремено да ги почитуваат највисоките професионални и етички новинарски стандарди, се додава во соопштението. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан