• среда, 13 ноември 2024

АВМУ: Мониторинзите на Агенцијата покажаа дека ТВ 21-М информира објективно и непристрасно

АВМУ: Мониторинзите на Агенцијата покажаа дека ТВ 21-М информира објективно и непристрасно
Скопје, 8 јуни 2020 До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се обрати ТВ 21 -М со реакција за обвинувањата од лидерот на политичката партија Алијанса на Албанците дека телевизијата преку емисијата ЕУ Клик користи ЕУ фондови за промоција на кампањата на ДУИ. Во својата реакција, ТВ 21-М наведува дека емисијата не се користи за предизборни кампањи и дека гостите во емисијата, чиј состав е разнолик, се повикувани во зависност од темите што се обработуваат. Со мониторинзите што Агенцијата ги прави за начинот на известување на радиодифузерите и застапеноста на политичкиот плурализам не се забележани неправилности во однос на ТВ 21-М. Напротив, последната оценка од посеопфатниот мониторинг на програмата на оваа телевизија наведена во Извештајот од медиумското известување за Предвремени парламентарни избори за период од 17 февруари до 16 март е дека при известувањето на ТВ 21 -М „беше почитувано начелото на објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања“. Предмет на мониторинг во наведениот период беа и сите емитувани изданија на ЕУ Клик. Известувањето на медиумите може да се оценува само врз основа на мониторинг, спроведен според научно утврдена методологија, а не врз личен впечаток или интереси. Имајќи го ова предвид, Агенцијата повикува, сите, а особено политичките субјекти да се воздржат од јавно изнесување на паушални оценки затоа што ваквото постапување не само што наштетува на угледот на медиумите туку претставува и притисок врз нив со што сериозно се загрозува слободата на изразување и информирање.   Соопштение на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан