• четврток, 26 декември 2024

АВМУ го осудува попречувањето на екипа на ТВ Алфа да го проследи настанот на Мечкин Камен

АВМУ го осудува попречувањето на екипа на ТВ Алфа да го проследи настанот на Мечкин Камен
4 август 2022 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2ри август на Мечкин Камен во Крушево. Потсетуваме дека е особено важно на сите медиуми без исклучок да им се обезбедат еднакви услови и пристап за известување на настани кои се од јавен интерес, а медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на работните задачи, особено кога се работи за информирање на јавноста за важни општествени случувања.   Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан