• среда, 25 декември 2024

АВМУ го осуди палењето на возилото на новинарот Серсемов, бара МВР да го расчисти случајот

АВМУ го осуди палењето на возилото на новинарот Серсемов, бара МВР да го расчисти случајот

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува опожарувањето на возилото на сопственикот на регионалната телевизија М-Нет ХД од Штип, Благој Серсемов во дворот на неговата семејна куќа.

- Заканите и заплашувањата насочени кон медиумите ја поткопуваат демократијата, слободата на говорот и слободата на информирање. Безбедноста на медиумските работници е клучна за постоење на независни и професионални медиуми, кои се еден од главните стожери на демократските процеси и кои придонесуваат за унапредување на слободата на изразување, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Оттаму апелираат Министерството за внатрешни работи во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините што довеле до овој, како што го нарекуваат, вандалски чин. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан