Авион Су-30 спречи американски дрон да надлета над Русија
- Руски воен авион Су-30 денеска се обиде да пресретне американско извидувачко беспилотно летало со цел истото да не надлетува над територија што е под контрола на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана
Москва, 5 август 2023 (МИА) – Руски воен авион Су-30 денеска се обиде да пресретне американско извидувачко беспилотно летало со цел истото да не надлетува над територија што е под контрола на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Рускиот екипаж го идентификуваше дронот како извидувачки дрон на американските воздухопловни сили „ЕмКу-9А Рипер“ (MQ-9 A Reaper“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се истакнува и дека откако рускиот авион почнал да се приближува американскиот дрон заминал од руската граница.
Не е наведено каде се случил инцидентот. ми/
фото: МИА архива