• петок, 27 декември 2024

Авион принудно слетал во Австрија, оти патник „заглавил“ в тоалет

Авион принудно слетал во Австрија, оти патник „заглавил“ в тоалет
Виена, 13 септември 2021 (МИА) - Авион со 134 луѓе во себе, во саботата бил принуден на непланирано слетување во Австрија, откако патник „се заглавил“ во тоалет, не сакајќи или „не можејќи“ да излезе. Имено, 51-годишниот маж целото време го минал в тоалет, па пилотот одлучил да го приземји авионот. Тој летал од Кипар за Цирих, Швајцарија, а принудното слетување се случило вчера во австрискиот град Грац. Како што соопшти полицијата, човекот соработувал со цариниците и го напуштил тоалетот по принудното слетување. Властите сѐ уште не знаат што го натерало да остане во тоалетот толку долго. Во неговиот багаж не се пронајдени опасни предмети и нема штета во тоалетот. При сослушувањето, патникот молчел. Наводите говорат дека тој го продолжил патувањето со воз. Според полицијата, „Ербас А320“ сепак повторно полетал 45 минути подоцна.  си/

Остани поврзан