• среда, 25 декември 2024

Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот

Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот

Солт Лејк Сити, 18 септември 2024 (МИА) - Патници на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ (Delta Air Lines) доживеаја проблем со притисокот на лет од Солт Лејк Сити до Портланд, САД. Неколкумина имале крвавење од ушите и носот.

„Искрено им се извинуваме на корисниците за нивното искуство со летот 1203 на 15 септември. По итното слетување во Солт Лејк Сити, патниците се сместени во друг авион. Техничарите на „Делта“ го решија проблемот со притисокот во авионот, а следниот ден авионот повторно почна да лета“, соопшти „Делта“.

Според „Индипендент“, се работи за авион „Боинг 737-900“.

Немало случаи со сериозни повреди, но медицинскиот персонал им укажал помош на 10 лица. Федералната управа за авијација соопшти дека ќе го истражи овој настан.  си/ссм/

 

Остани поврзан