• среда, 25 март 2026

Билансот жртви во пакистанскиот напад врз болницата во Кабул достигна 400 загинати

Билансот жртви во пакистанскиот напад врз болницата во Кабул достигна 400 загинати

Кабул, 17 март 2026 (МИА) - Бројот загинати во пакистанските напади врз Авганистан достигна 400, соопшти заменик-портпаролот на Исламскиот емират на Авганистан, Хамдулах Фитрат.

„По бомбардирањето на Центарот за рехабилитација на нарко-зависносници во Кабул од страна на пакистанскиот воен режим, бројот маченици досега порасна на 400, додека бројот на повредени надмина 250“, изјави Фитрат во изјава што ја пренесуваат авганистански електронски медиуми.

Портпаролот на Исламскиот емират на Авганистан, Забихулах Муџахид, изјави дека времето за дипломатија со Пакистан поминало и оти „за нападот мора да следува одамзда“.

Специјалниот известувач на Обединети нации за човекови права во Авганистан, Ричард Бенет, изрази загриженост поради цивилните жртви во нападот врз центарот за лекување зависности. Тој ги повика Кабул и Исламабад да ги намалат тензиите и да го почитуваат меѓународното право, вклучително и заштитата на цивили и јавни објекти како што се болниците.

Синоќешниот напад го осуди Меѓународна фондација за човекови права, оценувајќи дека нападите врз болници претставуваат сериозно кршење на меѓународното право, притоа повикувајќи на независна истрага и одговорност за сторителите. аб/

фото/ДПА

 

Остани поврзан