• среда, 25 декември 2024

Авганистан доби хуманитарна помош од пет земји

Авганистан доби хуманитарна помош од пет земји
Кабул, 9 септември 2021 (МИА) -  Авганистан денеска доби хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови, од пет земји, изјави владин претставник. Сиромашната земја, уништена од 20-годишната војна, сега е во тешка економска криза, а сиромаштијата може да се види насекаде во главниот град Кабул, а луѓето дури и молат за леб за да преживеат, јавува Анадолија. Според Абдул Хади Хамдарда, вработен во меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, четири авиони од Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Пакистан слетале во Кабул, натоварени со храна и лекови за неодамна воспоставената привремена талибанска администрација. Авганистан доби помош и од соседен Туркменистан. ссм/

Остани поврзан