• среда, 25 декември 2024

Авганистанците кои соработувале со Лондон ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија

Авганистанците кои соработувале со Лондон ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија
Лондон, 1 септември 2021 (МИА) - Авганистанците, кои работеле за британската Влада или армија, ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е дел од планот наречен „Операција топло добредојде“, кој предвидува лицата кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да останат во Велика Британија на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено. Во исто време, оние кои веќе се во Велика Британија можат да го подобрат својот статус и да бараат постојана работа, јави Би -Би -Си. Велика Британија од 13 август евакуираше повеќе од 8.000 луѓе ги исполнува условите од планот за преселување на авганистанските државјани така наречен Авганистанска политика за преселување и помош (АРАП). ми/

Остани поврзан