• среда, 25 декември 2024

Авганистанците во САД ќе добијат привремен заштитен статус за период од 18 месеци

Авганистанците во САД ќе добијат привремен заштитен статус за период од 18 месеци
Вашингтон, 16 март 2022 (МИА) - Авганистанските граѓани кои живеат во САД со истечени визи ќе добијат привремен заштитен статус за 18 месеци поради се уште небезбедните услови во нивната земја, објави Министерството за внатрешна безбедност на САД. „Оваа ознака TPS (Temporary Protected Status) ќе помогне да се заштитат авганистанските државјани кои веќе живееле во САД од враќање во небезбедни услови“, рече секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас. Статусот ќе биде достапен за 72.500 Авганистанци кои влегле на она што е познато како „хуманитарна условна слобода“. Ознаката TPS, исто така, ќе опфати околу 2.000 Авганистанци кои влегле во СAД со студентски, работни и туристички визи и повеќе не можат да се вратат во својата земја по преземањето на васта на талибанците во август. аа/

Остани поврзан