• среда, 25 декември 2024

Авганистанските специјални сили убија двајца припадници на Исламската држава

Авганистанските специјални сили убија двајца припадници на Исламската држава

Кабул, 9 април 2023 (МИА) – Авганистанските специјални сили убија двајца членови на екстремистичката вооружена група Исламска држава и уапсија еден член за време на операција спроведена денеска во западниот дел на земјата, изјави регионален официјален претставник.

Официјални претставници рекоа дека нападот на специјалните сили во засолниште на екстремистите во областа Сајед Абад во провинцијата Нимроз предизвика судир кој траел половина час.

Во редовите на авганистанските специјални сили и цивили нема жртви, а на припадниците на ИД им е одземена воената опрема.

Регионалниот огранок на ИД, познат како Исламска држава во провинцијата Хорасан, беше клучен ривал на владејачките талибанци откако религиозната група ја презеде власта во Авганистан во август 2021 година.

ИД ги засили своите напади во Авганистан, гаѓајќи ги патролите на талибанците и припадниците на шиитското малцинство во Авганистан.

Исламска држава ја презеде одговорноста за голем број напади од висок профил во Авганистан.

Организацијата соопшти дека еден од нејзините членови стои зад смртоносниот бомбашки напад во близина на контролен пункт во Кабул во јануари, истиот човек кој беше вмешан во нападот на хотел во главниот град минатиот декември и во вооружениот напад врз пакистанската амбасада. јт/

Форо: МИА архива

Остани поврзан