• недела, 24 ноември 2024

Аваја со опомена пред тужба против Самка Ибраимовски

Аваја со опомена пред тужба против Самка Ибраимовски

6 април 2024 

Политичката партија Аваја поднесе опомена пред тужба против лидерот на партијата ПЦЕР, Самка Ибраимовски заради изнесени невистини, лаги, обвинувања и обид за дискредитација преку социјалните мрежи.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман бара јавно извинување од Ибраимовски, затоа што изнел дезинформации, лаги, манипулации и ширел страв.

„Објавата од Вашиот профил на фејсбук мрежата, без никаков доказ и прикачен документ се коси со слободата на изразување и мислење, бидејки го направивте на осмислен начин да нанесете штета на Партијата. Оваа објава директно го засега интегритетот и чесноста на сите членови на  Аваја, којашто котира одлична кај Ромската заедница и пошироко во општеството. Затоа бараме јавно да се извините од вашиот профил на социјалните мрежи, на Политичката партија Аваја и на нејзиниото членство за објавените невистини и лаги во наредните 7 дена“, се обрати Кариман кон претседателот на ПЦЕР.

Во спротивно, Аваја ќе поднесе тужба за клевета и навреда против Ибраимовски.

Прва иницијатива на новите пратеници на Аваја во Собраниетоќе биде преиспитување на финансирањето на политичките партии во изминатите 20 години.

Со почит

Аваја 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан