• среда, 27 ноември 2024

Абрамович ќе обезбеди бесплатно сместување во близина на „Стемфорд Бриџ“ за лекарите за време на локдаунот поради коронавирус

Абрамович ќе обезбеди бесплатно сместување во близина на „Стемфорд Бриџ“ за лекарите за време на локдаунот поради коронавирус
Лондон, 7 јануари 2021 (МИА) – Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович изрази подготвеност да и помогне на Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS). Тој ќе обезбеди за медицинскиот персонал соби во хотелот кај стадионот „Стемфорд Бриџ“. Англија се врати на локдаун (целосно затворање) поради коронавирусот. Абрамович, повторно ќе ги покрие сите трошоци поврзани со обезбедување на место за престој, вклучително и места за спиење и појадок во хотелот „Копторн“. Слични чекори се веќе преземени во март кога започна пандемијата во Лондон. Многу здравствени работници ќе работат долги часови и нема да можат да патуваат дома или ќе мора да патуваат на долги растојанија во време кога вирусот се пренесува толку лесно, па затоа хуманиот потег на рускиот бизнисмен е за поздравување. зс/

Остани поврзан