• четврток, 26 декември 2024

Абе - најмладиот премиер на Јапонија

Абе - најмладиот премиер на Јапонија
Токио, 8 јули 2022 (МИА) – Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе денеска беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара. Поранешен припадник на јапонската морнарица Тацуја Јамагами двапати пукаше во Абе. Јамагами веднаш е приведен. Абе беше префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот. Абе во 2006 година на 52-годишна возраст првпат беше именуван за премиер. Тој е најмладиот премиер на Јапонија, поради што го сметаа за симбол на младоста и промените. Првиот мандат на Абе беше турбулентен, опфатен со скандали и несогласувања и заврши со негова ненадејна оставка по речиси една година. Тој првично најави дека се повлекува од политички причини, за подоцна да признае дека има здравствени проблеми. Абе повторно се кандидираше и ја презеде премиерската функција во 2012 година, само една година по разорниот земјотрес и цунамито што предизвика нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Фукушима. Тој понуди план за заживување на економијата. Јапонската економија е трета по големина во светот и е во стагнација повеќе од 20 години. Планот на Абе за економијата вклучуваше големи владини трошоци, масовно монетарно олеснување и намалување на бирократијата. Абе, исто така, се обиде да го запре опаѓачкиот наталитет, нудејќи придобивки посебно за мајките. Но, со тоа ги поттикна контроверзните зголемувања на даноците на потрошувачката и го преоптовари јапонски систем на социјална помош. Економскиот план на Абе не постигна голем напред, дефлацијата сè уште беше присутна, а економијата беше во рецесија дури и пред пандемијата со Ковид-19 во 2020 година. За време на пандемијата, популарноста на Абе дополнително се намали бидејќи неговиот пристап за решавање на проблемот беше критикуван како бавен и збунувачки. Рејтингот на Абе беше екстремно низок. На меѓународната политичка сцена, Абе зазеде тврд став кон Северна Кореја, а се понуди да посредува по меѓу САД и Иран. Абе разви личен однос со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Но, Трамп се обиде го принуди Токио повеќе да плаќа за американските војници стационирани во Јапонија. Поранешниот јапонски премиер се обиде да ги поправи односите со Кина и Русија. Сепак, договор со Русија за спорните северни острови не беше постигнат, а не успеа и планот кинескиот претседател Си Џинпинг да допатува во државна посета на Јапонија. Абе не се согласи на компромис со Јужна Кореја за нерешените воени спорови и продолжи со плановите за ревидирање на пацифистичкиот устав на Јапонија. За време на неговиот мандат, Абе претрпе политички „бури“, вклучително и обвинувања за кронизам. Абе во август 2020 година предвреме се повлече од функцијата поради здравствени проблеми односно поради улцеративен колитис. ми/

Остани поврзан